Соопштенија и Активности

Ден на независноста

успение на пресвета богородица

ПРИЈАВА ЗА СКОПСКИ МАРАТОН

ден на републиката

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Scroll to Top

ПРВ ДО ВРВ - 17 мај 2026 (недела)

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Почитувани,

Испраќаме информација за пријавување на спортски настан во месец мај: ПРВ ДО ВРВ – 17 мај 2026 (недела)

Се молат раководителите да ја споделат информацијата за пријавување со вработените во службите, особено за тие што не користат е-маил. 

Краен рок за пријавување е: 28.04.2026

Вашата пријава треба да ги содржи следниве информации:

Име Презиме:                                                 

Дата на раѓање:

e-mail:

Телефон:

Големина на маица:

Крвна група:

Контакт лице – име и презиме и тел.број во случај на повреда:

Вашата пријава испратете ја на е-маил: marketing@ading.com.mk

*Наша напомена: Трките имаат сериозен карактер и бараат солидна кондициска подготвеност. Секој од учесниците потпишува изјава за учество во трките на сопствена одговорност.

https://prvdovrv.mk/

Локација: Водно, Скопје

Трка во планинско трчање: Team-building Summit Run

– Старт: ОУ Кочо Рацин 10:00ч

– Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека)

– Искачување: ~800м

– Патека: претежно земјена

– Просечен наклон: 18 %

– Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта).

Со почит,

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

АДИНГ БУТИЛНА ТРАКА СО НОВО ПАКУВАЊЕ
Дизајнирана е нова, модерна и посветла амбалажа за нашата бутилна трака. Новото пакување, достапно во варијанти од 10 m и 20 m, е во процес на подготовка и има за цел подобра препознатливост и појасна презентација на производот.

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Годинава бевме поддржувачи на 10-тата Меѓународна конференција „Градежно инженерство – Наука и Пракса“ (ГНП 2026), која се одржа од 4 до 7 март во Црна Гора.

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Годинава бевме поддржувачи на 10-тата Меѓународна конференција „Градежно инженерство – Наука и Пракса“ (ГНП 2026), која се одржа од 4 до 7 март во Црна Гора.

Освен комерцијалниот дел и презентација за нашата компанија, презентација имаше инж. Ирина Стефановска од нашиот тим за Истражување и Развој.

Научно-истражувачкиот труд е со наслов „Превенција на корозија кај АБ конструкции со користење инхибитори на корозија (PREVENTING CORROSION IN RC STRUCTURES USING MIGRATORY CORROSION INHIBITORS).“

Во периодот од 10-11 Февруари, бевме поддржувачи на регионалната конференција СФЕРА 2026 Технологии за бетон, која се одржа во Сараево, БиХ

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Во периодот од 10-11 Февруарибевме поддржувачи на регионалната конференција СФЕРА 2026 -Технологии за бетон, која се одржа во Сараево, БиХ.

Овде имавме комерцијално претставување на компанијата, изложбен штанд каде беше презентирана нашата производна програма со акцент на адитивите за бетони.

НОВО ПАКУВАЊЕ ЗА ВРСКА У и ХИДРОФОБ Т

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

НОВО ПАКУВАЊЕ ЗА ВРСКА У и ХИДРОФОБ Т

Денес (12.02.2025) во нашите погони луѓето од Производство ги спакуваа првите количини од Врска У (10кг.) и Хидрофоб Т (12 кг.) кои добија нови пакувања.

Досегашната палета на мали или средни по големина амбалажи (1/1; 5/1; и 20/1) се засилува со уште едно практично пакување 1/10, кое е лесно и едноставно за употреба.

Во иднина дел од адитивите но и други производи ќе бидат пакувани на овој начин.

НОВО ПАКУВАЊЕ ЗА ВРСКА У и ХИДРОФОБ Т

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

НОВО ПАКУВАЊЕ ЗА ВРСКА У и ХИДРОФОБ Т

Денес (12.02.2025) во нашите погони луѓето од Производство ги спакуваа првите количини од Врска У (10кг.) и Хидрофоб Т (12 кг.) кои добија нови пакувања.

Досегашната палета на мали или средни по големина амбалажи (1/1; 5/1; и 20/1) се засилува со уште едно практично пакување 1/10, кое е лесно и едноставно за употреба.

Во иднина дел од адитивите но и други производи бидат пакувани на овој начин.

НАРЕДБА ОД 11.12.2025

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

„СВ.Климент Охридски“

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Врз основа на член 31 од Статутот на АДИНГ АД Скопје, Управниот одбор на седницата одржана на ден 25.11.2025 го донесе следниот: ЗАКЛУЧОК бр.12/25

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Врз основа на член 31 од Статутот на АДИНГ АД Скопје, Управниот одбор на седницата одржана на ден 25.11.2025 го донесе следниот: ЗАКЛУЧОК бр.12/25

СО ОВОШЈЕ ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ ВО СЕЗОНАТА НА НАСТИНКИ

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Целта на оваа едномесечна акција е симболично да се потсетиме дека потребно е да бидеме одговорни кон нашето здравје! Потребно е да градиме здрави навики и ова е јасно дефинирано во нашиот Кодекс на Однесување во делот „ЗА ОДГОВОРНОСТА“ (кон себе).

Започнува од 25.11. вторник и ќе трае до 25.12.2025. Акцијата ќе се спроведе само во рамки на матичната компанија. Зависно од успешноста истата ќе се повтори и прошири.

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДЕТЕТО, ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА ‚‚НАЈДОБАР ЦРТЕЖ ОД ДЕЦАТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ‘‘

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

По повод Светскиот ден на детето и оваа година го реализиравме интерниот конкурс „Најдобар цртеж од децата на нашите вработени“, на тема „ЗНАМЕНИТОСТ НА МОЈОТ ГРАД“. Во периодот од 27.10 до 15.11.2025 пристигнаа многу креативни детски цртежи, кои тричлена комисија ги оцени со особено внимание.

Избрани беа шест најдобри цртежи во две возрасни категории – до 8 години и од 9 до 14 години.

Наградени во категорија до 8 години:

1 место: Јана Јоновска
2 место: Галена Јанкова
3 место: Калина Каратуков.

Наградени во категорија од 9-14 години:

1 место: Јована Дамчевска
2.место: Матеа Трпковска
3.место: Каја Атанасовска

Наградените деца добија дипломи и парични награди наменети за поддршка на нивните воншколски активности, а сите останати учесници ги израдувавме со благодарници и комплети за ликовно творење.

Со овој традиционален конкурс ја негуваме детската имагинација и ја истакнуваме важноста на креативниот развој. И оваа година, детските цртежи ни донесоа многу радост и уште еднаш нè потсетија колку е бескрајна детската фантазија.

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

„Ден на македонската револуционерна борба“

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Конкурс за најдобар детски цртеж од деца на вработени во Адинг

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Целта на конкурсот е да ја стимулираме детската имагинација и да ги поддржиме децата на вработените, во активностите за психо-физички развој преку дополнителни воншколски активности.

Тема на конкурсот е: РАБОТНОТО МЕСТО НА МОЈОТ РОДИТЕЛ.

Времетраење: Од денот на објавување 15.11. до 20.11.2025.

Возрасни категории: Деца на возраст до 8 години Деца на возраст од 9 до 14 години.

*Услови: Конкурсот важи само за децата на вработените. Секое дете учествува со по еден цртеж. Секој цртеж е потребно да биде потпишан со шифра.

Цртежот се доставува во служба Маркетинг, каде ќе биде запишана шифрата и името на вистинскиот автор.

Секој родител ја најавува дополнителната активност на која детето веќе учествува или ќе учествува, за каде ќе бидат наменети парите од евентуалната награда.

Резултати: На 15.11.2024 ќе биде направена интерна објава, а по повод „Денот на детето” на 20.11.2024 резултатите ќе бидат јавно објавени.

Награди: Наградите се доделуваат и во 2-те наведени категории.

Наградите се наменети и треба да се искористат наменски, за поддршка на дополнителни воншколски активности на наградените деца (едукативни курсеви, спортски активности и сл.).

Прво место: Ваучер од 6000 ден.

Второ место: Ваучер од 4000 ден.

Трето место: Ваучер од 2000 ден.

Комисија за Конкурсот: Петровска Александра, Андова Бисера, Стојановска Симона.

Им посакуваме среќа и успех.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СКОПСКИОТ МАРАТОН

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Годинава има промена во локацијата за стартот на трката Комерцијална Банка 5K и стартот ќе биде во близина на Црвениот Крст на РМ.

Финишот за сите трки останува на добро познатото место – Плоштад Македонија.

Старт на трка: 08:00 часот.

Збирно место и време: Од 7:20 – 7:40 ч. на платото пред Олимписки Базен.
Важно: Облечете ги спортските брендирани маици.

Освежување: На кафе во „Play Caffe“ на ул.Македонија.

Прогноза: Утринска температура 5 до 8 степени! (freeze)

И годинава по ланскиот терк, награди за најбрзите:

  • Награда за најдобро официјално време помеѓу вработените во Женска категорија: 6000 ден.
  • Награда за најдобро официјално време помеѓу вработените во Машка категорија: 6000 ден.
  • Награда за успешно завршена трка на 21 км.: 6000 ден.

Се гледаме во Недела.

Од 24-27 Септември Адинг е на 21. симпозиум на MASE (ДГКМ) во Охрид.

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Од 24-27 Септември се гледаме во Охрид, на 21. симпозиум на MASE (ДГКМ).

Нашите луѓе ќе презентираат 2 научни труда, сработени во изминатиот период:

„ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ, ИНХИБИТОРИ НА КОРОЗИЈА“ – Автори: Ирина Стефановска и Никола Узунов.

„МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ ЗА САНАЦИЈА И НИВЕЛИРАЊЕ НА КОЛОВОЗНИ ПЛОЧИ НА МОСТОВИ И ВИЈАДУКТИ“ – Автори: Михаил Петров, Ивица Стоиловски, Никола Узунов.

АДИНГ е платинест спонзор на ДГКМ и оваа соработка трае од самите почетоци. Знаењето кое го негуваме претставува клучен момент во креацијата и примената на нашите производи и системи. Нивната меѓусебна синергија е патот кој води до одржливи и долговечни градби.

ПОСАКУВАМЕ ДОБРЕДОЈДЕ НА МИЛОШ ТОЛИМИР ВО АДИНГ СРБИЈА!

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве информираме дека од втората недела во Декември, тимот на Адинг Србија се засили со уште еден нов вработен.

Милош Толимир, доаѓа од Високата Струкова Градежна Школа во Белград и својот кариерен пат ќе го продолжи заедно со нас.

Милош е млад и енергичен човек и веќе деновиве е на терен со нашиот Срѓан Илиќ. Ќе биде наш гостин за време на престојните состаноци, кога ќе имаме прилика да се запознаеме.

Му посакуваме успех понатаму!